18 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сите против еден

Промената на изборниот модел не е процес на измислување на топла вода во политиката. Тоа е идеја која ВМРО НП на Љубчо Георгиевски ја даде уште пред десетина години. Во тоа време немаше друг политички субјект кој гласно зборуваше за промена на изборниот модел во Македонија една изборна единица. Како и за многу други прашања, и ова беше отворено токму од ВМРО НП односно од Љубчо Георгиевски.

Денес, после десетици години сите во државата, од најмалиот политички субјект па се до СДСМ е за промена на изборниот модел. Сите, освен заљубениот пар ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Добро е што Заев застана зад овој процес со конкретни зборови – дека промената е неопходна за демократизација на општеството, но и за да се даде простор за да се разбие двопартискиот систем односно црно-белиот свет во кој владеат само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во еден ваков случај ВМРО-ДПМНЕ ќе мора сериозно да размислат дали сакаат покрај себе да имаат партнери кои можат да им подадат рака кога им е најтешко или ќе продолжат да го негуваат својот начин на водење политика.

Доколку прифатат, ќе покажат дека се на страната на демократијата, ќе покажат дека не се плашат не само од СДСМ, туку и дека не се плашат од помалите политички партии, а со тоа ќе си отворат и простор за соработка со нив. На овој начин ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже дека е цврсто убедена во победа без разлика на изборниот модел.

Сите против еден! Кога велам сите, не мислам само на политичките партии, туку и на граѓаните. Над 40 % од граѓаните односно мнозинството во анкета одговориле дека ја гледаат Македонија како една изборна единица! Тоа значи дека заљубениот пар ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакале или не, мораат да се соочат со барањата на граѓаните! Бидејќи нели, за тоа и постојат! Да се слушне гласот на граѓаните!!!

Пишува: Симеончо М.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.