fbpx
13.8 C
Skopje

Сите се зачудени од нејзината реакција: Ванковска се огласи за насилницте од Мелбурн (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Професорката Билјана Ванковска, која е силен поддржувач на бојкотот за претстојниот референдум, ги осуди насилницте во Мелбурн, кои ги фотографираа сите личности што излего да гласаат за промена на уставното име со цел влез во ЕУ и НАТО.

Ми испратија линк до ФБ група под име Предавници/Traitors, веројатно од Австралија. Грдо и недолично, особено вулгарниот речник и фотографиите кои се споделуваат. Немојте со такви средства! Ќе ни успее бојкотот на мирен, спокоен, цивилизиран, домаќински начин…. Оставете да се види дека НАМ ни се заканува и тоа ДРЖАВНАТА ВЛАСТ, и тоа веќе со месеци! Немојте од тие што гласаат да правиме маченици! Овие кои сега скокнале да им ги бранат бирачките права и дигнитетот, а не рекоа ни збор за заканите од Оливер Спасовски, Камбовски и слични, не заслужуваат ни да се коментараат.

Како да коментираш луѓе кои имаат двојни стандарди? И кои не гледаат дека силуваат цела нација, кршат меѓународно и национално право, кодекс на Венецијанска комисија? Тие веројатно и во 2004 година не видоа дека НАМ кои тогаш гласавме, наспроти притисоците од власта да апстинираме, ни се закануваа. Тие згодно и селективно гледаат и слушаат.

Но, навистина сакам кристално чиста и морална победа на отпорот! Ние не сме нација на насилници, а бојкотот е само средство за самоодбрана. Пуштете ги слободно сите што сакаат да се посрамотат себе си – ним ќе им судат семејствата и децата. И историјата. Доволно им е!

https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10216803100732788

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -