fbpx
2 C
Skopje

Ситуацијата станува многу сериозна: Висок скок на новоинфицирани од коронавирус забележува Црна Гора

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Шефицата на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сања Меденица, во утринската програма на ТВЦГ изјави дека епидемиолошката состојба во земјата е многу сериозна, дека локалното пренесување е големо и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките што можат да го спречат ширењето коронавирус.

-Зголемувањето на бројката не е неочекувано, оваа моментална состојба го покажува нашето однесување од пред 10 до 15 дена. Нашите колеги ни кажаа дека граѓаните слабо се придржуваат до мерките и тоа се покажува сега, рече таа.

Зголемен е бројот на заразени лица, посочува таа, и тоа ќе го има и во иднина, бидејќи последиците од сегашното однесување се очекуваат за две недели.

Меденица вели дека мерките за превенција се дискутираат седум месеци и дека овие препорачани мерки треба да се почитуваат.

-Тоа е мало, но ефикасно оружје и дава големи резултати и кај нас и во светот. Се уште нема вакцина и тоа е единствената мерка, рече таа.

Ако има преклопување на сезонски и коронавирус, Меденица вели дека сите треба да бидат подготвени за тоа.

-Самиот грип е непредвидлив, од октомври до април, и ние следиме сè, но може да се појави во секое време. Може да се случи преклопување, но имаме вакцина против грип, а сè уште не и за коронавирус, рече таа.

Совети за патување со автомобил за време на коронавирус

Летните одмори се пред нас и секогаш главен фактор при изборот на дестинација е далечината и патот. Традиционално, патувањето со автомобил е прв избор за фамилијарен одмор, а во услови на КОВИД-19 е и најдобро и најбезбедно да се патува со сопствен автомобил.

Пред патувањето набавете средства за дезинфекција на база на алкохол и убаво исчистете го возилото. Патувањето со автомобил нуди најдобра заштита во време на корона кризата, но неопходно е при секоја пауза или посета на бензинска станица да ги почитувате протоколите како што се носење заштитна маска и држење дистанца, а потоа пред да влезете во автомобилот да направите дезинфекција на рацете. Дополнително, подгответе ситни пари за патарините, така што ќе ги плаќате точно и нема да треба да чекате кусур – ќе добиете на време и ќе се заштитите.

Колку и да звучи досадно, ова е единствен начин за безбедно патување во време на КОВИД-19, па затоа набавете доволно маски за лице и средства за дезинфекција за целиот одмор. Така ќе заштедите и пари и време, зошто нема да губите време на барање дезинфекциски средства додека да го запознаете местото каде сте сместени.

Патувањето со деца на далечни дестинации од предизвик може да биде вистинска авантура со мало планирање и организација. Пред тргнување подгответе се за многу попатни станици и планирајте повеќе време од вообичаеното потребно време за патување. Истражете го патот и подгответе попатни изненадувања, како мини пикник пауза по пат и др.

Пред подолги патувања можете да подготвите и некои игри за анимација на децата во текот на возењето, како што се, на пример, песни или видеа со кои патувањето ќе изгледа пократко. Бензинските станици се вообичаеното идеално место за пауза и нудат за сите по нешто – од кафе и тоалет, до интернет и простор за одмор. Сепак, во време на КОВИД-19 многу е важно да се почитуваат безбедносните и здравствените протоколи. Ако, патувате со деца и не сакате да ги ставите во искушение, можеби е подобро само еден да излезе од возилото и да ги направи неопходните набавки, а потоа да застанете на некое место со помалку гужва и да направите подолга пауза. Така ќе се заштитите и себе и останатите, нема да правите непотребна гужва на бензинската станица, ќе ги следите здравствените протоколи, а пред влегување во возилото никако не заборавајте да извршите дезинфекција на рацете.

Ситуацијата со корона вирусот ќе влијае и на пакувањето, па нема да можете да понесете облека и работи како вообичаено. Затоа, направете добар план и ставете акцент на најважното како што се: пешкири, долна облека, костим за капење, а доколку сте во можност понесете и постелнини и, секако, лекови.

Ако на одмор, вообичаено, изнајмувате лежалки или чадори, оваа година можеби е подобро да си понесете сопствени реквизити за на плажа.

Често запоставен, а важен детаљ за секое подолго патување е доброто пакување и уредениот багажен простор. Внимавајте на редоследот на работите во багажникот, течностите и работите кои може да истечат секогаш ставајте ги во исправена состојба и врзете ги во пластична кеса. Потешките работи ставете ги најдолу, а кршливите и понежните работи погоре. Планирајте секогаш први при рака да ви бидат работите кои може да ви затребаат непланирано, па да нема потреба да распакувате цел куфер. Добро е секогаш први на дофат да ви бидат по некоја резервна маица или топла обувка, како и несесерот со некои лекови, креми и слично.

Патувањето со автомобил гарантира најдобро држење дистанца додека патувате. Додека патувањето до некоја подалечна дестинација ова лето ви изгледа помалку реално, летувањето на некоја од домашните дестинации сѐ уште може да ви биде опција. Ако патувањето е некаде дома, тогаш немате потреба од осигурување, но доколку се одлучите за некоја од земјите од соседството задолжително извадете патничко осигурување и добро информирајте се што сѐ покрива тоа, без исклучок на КОВИД-19. Исто така, без разлика каде ќе патувате внимавајте на политиката за откажување на резервацијата, колку трошоци ќе имате доколку бидете принудени да го откажете патувањето поради, на пример, неочекуваното повторно воведување на карантин или забраната за патување од страна на властите.

„Макпетрол“ АД Скопје

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Костадинов ја запроси девојка си: Нека љубовта трае до последниот атом

Фејсбук статус на Коста Костадинов, Животот ми овозможи да те запознаам, Бога пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со...

Отидов непоkанета кај мојата ќерка на гости и зажалив неверојатно многу

Ја воспитав Полина сосема сама. Кога Поли беше мала, не можев да му овозможам сè на моето девојче, како што добиваат децата на богатите...

ТикТок тресење: Млади девојки се снимаат како го тресат задниkoт

Веќе подолго време се поставува прашањето - како влијае ТикТок врз однесувањето на младите ширум светот и дали воопшто родителите се свесни за тоа...

И сега шу праиме: Долга е раката на дада Јоци

Фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци Го нема повеќе лажниот профил со украден мој идентитет на кој се ширеше меѓуетничка омраза, клевети, лаги, албанофобија До моќковците...

Силно полицисkо присуство пред градска болница, имало пуkaњe по што завршиле во болница

Фото: Илустрација веста во продолжение Две лица со повреди биле донесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Како што информира МВР во СВР Скопје било...
- Advertisement -