fbpx
29.8 C
Skopje

СЈО во општина Аеродром – се испитува работењето на Ивица Коневски

АКТУЕЛНО

СЈО влегло во Општината Аеродром. По краток увид, истражители ја одзеле сета документација водена во периодот додека градоначалник бил Ивица Коневски.

Вработените на истражителите на СЈО им отстапиле деловни книги, проекти, фактури кои во картонски пакети биле изнесени од Општината. Посетата на истражителите во Аеродром била пред десетина дена.

Од СЈО не кажуваат дали подготвуваат истрага за ексградоначалникот Коневски. Од таму кусо ни рекоа дека доколку предметот е во предистражна постапка, не можат да дадат никакви детали.

Детали не кажуваат ниту од Општина Аеродром.

„СЈО неодамна со писмен допис се обрати до Општина Аеродром со барање за доставување документација. Општината ја достави бараната документација. За повеќе детали во врска со посочената документација, ве молиме да се обратите до СЈО“, изјавија од одделението за односи со јавност во Општина Аеродром.

Ивица Коневски беше градоначалник на Општина Аеродром два мандата, односно од 2009 година до 2017 година. Во негово време Општината донесе низа урбанистички планови против кои жителите на Аеродром жестоко се бунеа. Истиот е висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ со години и за време владеењето на партијата на Груевски беше цели 12 години на раководни позиции.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -