fbpx
11 C
Skopje

СКАНДАЛ: Македонски војници во униформа од АРМ се фотографираат со „орли“

АКТУЕЛНО

На повидок е нов скандал во АРМ, откако албанскиот портал „Шкипериа име“ објави фотографија, на која тврди дека војници на АРМ покажуваат орли со рацете, меѓу групата повеќето се војници со албанска националност, но има и дел кои се со македонска националност.

Овој чин наводно доаѓа како поддршка за војниците Албанци кои се во служба во грчката армија. Насловот на „Шкипериа име“ гласи: „Грција се лути за двоглавиот орел, добија порака од македонската армија“.

Наводно оваа фотографија е направена во Велес, каде има војници од АРМ кои се на доброволно служење на воениот рок. Ваквиот чин во Грција донесе најголеми мерки на безбедност, каде секој инволвиран посебно бил испрашуван и истражуван.

Како ќе биде одговорот на АРМ, останува да видиме.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -