fbpx
5 C
Skopje

Скандал од голема мера во најава: Медиумите избркани од Уставен суд

АКТУЕЛНО

Иако претходно беше испратена покана до медиумите за следење на средбата помеѓу претседателот на Уставен суд на Република Северна Македонија Сали Мурати, и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, сепак, медиумите беа избркани од зградата на Уставниот суд.

Беше дозволено само снимање на неколку инсерти од средбата, по што обезбедувањето и една вработена во Судот дрско им нареди на новинарите дека тие не се организатори на настанот и снимањето во зградата на Уставен не е дозволено.

Иако медиумите замолија да останат во холот и просторијата предвидена за новинари во Судот, сепак, дрскоста од страна на вработените продолжи и медиумите беа избркани надвор.

Не е позната причината за оваа средба на Жбогар во Уставниот суд.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -