fbpx
-2 C
Skopje

Скопјанецот кој ја исклучи струјата и го спаси Скопје од пожари во 1963 година

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Пет минути по земјотресот целиот град останал без струја, а поради старата инсталација се опожариле само Учителската школа и Педагошката академија.

За повеќето скопјани Велин Јорданов е непознат и не чуле дека тој е човекот што во мугрите на 26 јули ги исклучил главните прекинувачи за струја и го спасил Скопје од пожари.

Утрото пред 55 години, кога градот бил погоден од катастрофалниот земјотрес, 25-годишниот Велин бил дежурен во „Електропренос“, тогаш единствената трафостаница од која Скопје се снабдувало со струја.

Благодарение на присебноста на Јорданов, градот бил спасен од пожари, во кои поради веќе создадениот хаос од земјотресот можеле да настрадаат многу граѓани.

„Ноќта спроти 26 јули бев на работа со сега покојниот колега Максим Стојановиќ. Во 5 часот, при крајот на дежурството, вообичаено ја евидентиравме состојбата на броилата. Одеднаш нешто силно ме затресе и ме помести од столот. Се тресеше и целата контролна табла.

Бидејќи во близина се градеше нова трафостаница, помислив дека булдожерот ги закачил далеководите. Но, при вториот удар сфатив дека станува збор за силен земјотрес.

Распукаа ѕидовите на зградата и тогаш како молња ми пролета мислата дека веднаш треба да ги исклучиме прекинувачите што го снабдуваа градот со струја.

Но, техниката откажа и ниту еден далекувод не беше исклучен, па секој прекинувач го исклучувавме еден по еден рачно“, вели Јорданов.

Тој раскажува дека пет минути по земјотресот целиот град останал без струја. Благодарение на брзата реакција на Велин и Максим, во градот не избиле пожари. Поради старата инсталација се опожариле само Учителската школа и Педагошката академија.

Од силниот потрес се дупнал и вентилот на трансформаторот, во кој имало 45 тони масло. На Максим и на Велин им се отворила дополнителна работа. Со крајни напори успеале да ја затворат дупката и да спасат околу 30 тони масло.

Велин си споменува дека веднаш му се јавиле од Косово за да прашаат зошто градот не прима струја. Тогаш Велин им рекол дека Скопје е погодено од катастрофален земјотрес и никако да не праќаат струја за градот.

По неколку часа во трафостаницата пристигнале три камиони со помош од Баина Башта.

Тој ден Велин на работното место останал до 18 часот. Дента трафостаницата добила напон од централата во Зрновце. Само 12 часа по земјотресот во главниот град повторно имало струја.
И по 40 години од земјотресот ме лазат трпки кога ќе се присетам на тој ден. Не знам дали тогаш со Максим бевме храбри, но и немаше време за страв, изјави тој во една прилика.

Требаше веднаш да се дејствува. Сепак, мачнината во стомакот ми поминува веднаш кога ќе помислам дека со Максим ги спасивме градот и луѓето од пожари. Тогаш ми е мило околу срцето“, вели Велин.

За своето хумано дело Велин и Максим во 1963 година од белградскиот весник „Вечерње новости“ ја добиле наградата „Подвиг на годината“. Годинава тој е добитник на плакета за посебен ангажман што ја доделува Градот.

Иако 80-годишниот Велин веќе четири години е пензионер, тој е многу почитуван од своите колеги, но и од помладите во „Електропренос

Кога бевме во посета на неговото поранешно работно место, сите сакаа да застанат, да се поздрават и да си поприкажат со чичко Велин.

Тој со сопругата, синот, снаата и внучката живее во семејна куќа во населбата Бутел 1.

Извор Скопје24.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ново видео на „Тик-Ток“ во кое возач лудува по македонските улици и вози со 255 км/ч (ВИДЕО)

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено ново видео каде возач управува...

Утре е Водопост, на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат ова

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани...

Бил Гејтс и Рокфелер веќе ги прават новите ковид пасоши: Како ќе функционираат?

Американските технолошки и здравствени гиганти, вклучувајќи ги Мајкрософт, Клиниката Мејо и Оракл, се здружија за да создадат нови ковид пасоши за вакцинација. Благодарение на новите...

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...
- Advertisement -