fbpx
26.8 C
Skopje

Скопје како Холивуд: Група луѓе претепале 19-годишно момче, му го одзеле автомобилот и направиле две сообраќајки

АКТУЕЛНО

Во петокот, на сред бел ден во нашиот главен град Скопје се одвивала вистинска драма на бул.„8-ми Септември“ во близина на крстосницата со бул.„Илинден“.

Како што пренесуваат од МВР, лицето С.С. (19) од Скопје управувајќи со својот автомобил „Пежо“ бил пресретнат од патничко моторно воило „Даеву рејсер“ од кое излегле И.С. (19), Ш.С. (27) и М.С. (21), сите од с.Љубин, кои најверојатно поради нерасчистени должничко доверителни односи физички го нападнале С.С., а потоа му го одзеле возилото и избегале.

Двајца од напаѓачите, бегајќи од лице место со возилото „Даеву“, управувано од Ш.С., движејќи се со голема брзина во с.Сарај на ул.„1724“ , удриле во патничко моторно возило „Волксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, при што М.С., сопатник во возилото „Даеву рејсер“ и возачот се здобиле со повреди. На неколку метри од местото на незгодата патничко моторно возило „Пежо“ управувано од третиот напаѓач И.С(19) удрило во бетонски ѕид.

Лишени од слобода се И.С., Ш.С. и М.С. од страна на полициските службеници во ПО-Сарај, се до целосно расчистување на настанот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -