fbpx
17.8 C
Skopje

Скопје ќе биде домаќин на најголемиот ЛГБТ настан на Балканот

АКТУЕЛНО

Унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето е целта за која ќе дискутираат стотици ЛГБТИ активисти, родители на ЛГБТИ млади, претставници на владите, пратеници и пратенички, експерти од Западен Балкан и Турција. Конференција ќе се одржи од 3 до 6 октомври во хотелот Александар Палас под мотото: Наспроти се‘, иднината е наша!

Клучни области на кои ќе се фокусира дијалогот меѓу граѓанското општество и властите од регионот и Турција се образованието и правата на трансродовите лица. Властите и активистите ќе изнаоѓаат решенија за инклузивно образование и безбедни училишта за ЛГБТИ младите како и законски решенија за правно признавање на родот, односно можноста трансродово лице да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција и на тој начин државата да го признае неговиот вистински род.

Конференцијата е организирана во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за надворешни работи на Р. Македонија. Во рамки на првиот ден е закажан министерски состанок на кој ќе присуствуваат делегации од владите на Косово, Црна Гора и Македонија.

Интерпартиската парламентарна група за ЛГБТИ права од Македонија е домаќин на пленарна сесија за улогата на Парламентите во унапредување на правата на оваа заедница. На пленарната сесија ќе учествуваат Џули Вард, пратеничка од Европскиот Парламент, Наташа Шукич пратеничка од Словенија, Гордана Комич пратеничка од Србија и Маја Морачанин пратеничка од Р. Македонија и координаторка на интерпартиската група.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи и затворен состанок меѓу родители и членови на семејства на ЛГБТИ млади од Македонија и Турција.

Конференцијата е организирана од ЕРА. ЕРА е асоцијација која вклучува 58 ЛГБТИ организации од 9 земји во регионот на Западен Балкан и Турција. Годишната конференција на ЕРА во Македонија ја организираа: Коалиција Маргини, ЛГБТИ Центарот за поддршка, ХЕРА, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Субверзивен фронт.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -