fbpx
22.8 C
Skopje

Скопско Ехо најавува: По наглото заладување на времето, парно од понеделник!

АКТУЕЛНО

Доколку во понеделник Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира дека просечната дневна температура ќе изнесува 12 и помалку степени скопјани веднаш ќе добијат и парно греење. Ова за „Скопско ехо“ денеска го изјавија од Регулаторната комисија за енергетика објаснувајќи ги правилата за предвремениот старт на грејната сезона. Ова прашање се актуелизира деновиве по наглото заладување на времето, а кое предизвика студ и во домовите на скопјани.

– Ние секој ден добиваме прогноза за просечната дневна температура која ќе биде во текот на наредниот ден. Прогнозата се прави за температурата во 07 часот, во 14 и во 21 час навечер. Доколку тој просек изнесува 12 или помалку степени, ние веднаш ќе дадеме налог до БЕГ и други фирми кои вршат затоплување да почнат да ги греат становите на граѓаните. Значи, ако во недела добиеме прогноза дека температурата ќе биде 12 или помалку степени греењето ќе почне, ни изјавија во РКЕ.

Се до 15-ти октомври, кога почнува редовна сезона на затоплување, активирањето на греењето ќе зависи од прогнозата за просечна температура која РКЕ ќе ја добива од УХМР за утрешниот ден.

Скопско Ехо линк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -