fbpx
18.7 C
Skopje

Скриени трошоци, ако ПСЖ ја активира клаузулата на Нејмар ќе треба да одвои 300 милиони евра, еве зошто

АКТУЕЛНО

Проблеми за „Светците“, клубот од Паркот н Принцовите ќе треба да одвои околу 300 милиони евра доколку ја активира откупната клаузула на Нејмар па сака да седне на преговори со Барселона

Денешните издание на Лекип и Ла Паризиен пишуваат дека Нејмар никогаш не бил поблиску до преселба во Париз, но проблем сега преставува скриен трошок кој може драстично да ја зголеми цената на трансферот.

ПСЖ е подготвен да плати 222 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула на Бразилецот, но доколку тие ја активираат откупната клазула, ќе треба да платат и данок, па целата вредност на трансферот ќе изнесува околу 300 милиони евра.

Доколку самиот Нејмар ја плати откупната клазула, ќе нема данок, но ПСЖ не може да му ги префрли парите на играчот бидејќи ова, иако е вообичаена практика во Шпанија, во Франција е забрането со закон.

Па ПСЖ сега бара да седне на преговори со Барселона и да ги убеди „Каталонците“ да прифатат сума од 222 милиони евра, иста колку бројката во откупната клаузула, па дури и да платат 230 милиони евра што е повеќе од откупната клаузула.

 

Извор: 24Фудбал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -