fbpx
4 C
Skopje

Славица Шуманска: Членството во НАТО е и безбедна иднина за нашите деца

АКТУЕЛНО

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...

Пратеничката на СДСМ и коалицијата Славица Шуманска-Митева, денеска во Виница одржа прес-конференција на која кажа дека доаѓа време за историка одлука за нашата иднина.

Таа воедно повика граѓаните заедно, масовно и достоинствено да излезат на престојниот референдум за македонската иднина.

„Македонско-грчкиот Договор е влог во сигурна и стабилна иднина. Со прифаќање на Договорот влегуваме во НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, што е најважно, со заштитен македонски идентитет и македонски јазик”, нагласи Шуманска-Митева која подвлече дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста и стабилноста на Македонија.

„Трајно ќе ги заштитиме границите и целата наша територија. Безбедноста и стабилноста што ја носи членството во НАТО ќе донесат и многу поголеми странски инвестиции во економијата. Поголеми инвестициии значат повеќе пари, нови фабрики, нови работни места, засилен раст на платите”, истакна пратеничката на СДСМ и коалицијата.

Таа кажа и дека во сите земји од регионот кои станале членки, како соседна Бугарија, Хрватска, или Романија, инвестициите значително пораснале, а невработеноста се намалила откако станале полноправни членки на НАТО.

„Во соседна Бугарија на пример, странските инвестиции по влезот во НАТО се зголемија за три пати, од 7 проценти пораснаа на речиси 20 проценти од БДП (споредба направена пет години пред и пет години по членството)”, кажа Шуманска-Митева и уште еднаш повика граѓаните својот глас да го дадат за подобра иднина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Tвитер koментар: Кога ќе му кренеш на Мишко на фиксен, првото прашање му е дома си?

Вчера во медиумите одекна веста дека поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, по кого беше распишана меѓународна потерница, сам се појави во Обвинителството...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...
- Advertisement -