fbpx
13.8 C
Skopje

Следува лето какво што немавме во јули и август – прогноза за следната недела

АКТУЕЛНО

По денешната саботна попладневна дестабилизација на времето со локални врнежи од дожд и грмежи веќе од утре (недела), па во текот на следната недела нашата територија ќе подпадне под влијание на антициклон, поточно истата ќе биде во поле на висок воздушен притисок, а тоа значи стабилно, суво и топло време без врнежи, вели метео-прогнозерот Славчо Поповски.

Тој додава дека сепак има услови за сосема ретка и краткотрајна појава на сосема слаб локален дожд и тоа на планините и тоа ништо значително. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност но ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец кој нема ни малку да влијае на температурите на воздухот.

– Се на се летото, и понатаму ќе го имаме во изобилство, па тие што се љубители на истото и на плажирањето и натаму слободно можат да се освежуваат во реките и езерата низ државава.

Максималните температури на воздухот ќе бидат навистина летни и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени додека ув индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент некаде од 6 до 7 па затоа со себе добро би било и натаму да носете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце – вели Поповски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -