fbpx
12 C
Skopje

Словенечката полиција доби дозвола за употреба на електро-шокер

АКТУЕЛНО

Припадниците на специјалните единици на полицијата на Словенија во иднина во одредени околности при лишување од слобода и ставање на јавен ред и мир ќе може наместо со огнено оружје, да интервенираат со електро-шокер.

Ова доаѓа откако беше изгласан новиот закон кој во петокот го прифати парламентот на Словенија.

Целта на овој закон за употреба на оваа опрема според зборовите на министерката за внатрешни работи на Словенија, Весна Жнидар е на полицијата да им се овозможи без употреба на огнено оружје, од сигурна дистанца да се неутрализира опасност во ситуација кога престапникот во рака има ладно оружје како нож или секира.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -