За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, кој ќе биде наменет за пациенти со ковид-19. Пред тоа, објектот беше недовршен неколку години.
Премиерот Јанез Јанша упати голема благодарност и честитки до тимот на директорот на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, Јанез Поклокар, кој за рекордно време обезбеди нова, современа установи за пациенти со ковид-19, на најсоодветната локација.
Успеавме! За само 10 дена, градежниците успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана, кои ќе бидат наменети за пациетни заразени со Koвид-19. – напиша Јанша на ФБ.
Објава на Венko Филипче
„Најтешко ми беше во моментите кога сè уште не бев спремна да зборувам за мојата состојба, а луѓето ми поставуваа прашања за промената во мојот изглед. Очигледно луѓето се многу повеќе љубопитни отколку што се свесни дека такви прашања не се поставуваат доколку не се запознаени со психичката состојба на поединецот. Секојдневниот стрес ги потиска луѓето сè дури не дојде до нешто вакво и после се менуваш целосно и знаеш дека за ништо не вреди да се нервираш и да се секираш. Ако имаш здравје можеш да имаш сè и да постигнеш сè. По завршувањето чувствувам големо олеснување, како болеста да ме држеше во своите канџи и дури сега ме ослободи. Чувството е незаменливо само оние кои одат по овој трнлив пат, можат да ме разберат. После 6 месеци конечно повторно се чувствувам добро во своја кожа.“, вели Наталија од Битола, која го победи ракот на дојка.
На 25 години Наталија ја водеше најтешката битка во својот живот. Таа се излекува на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Сега има 26 години и почнува одново уште посилна од претходно. Наталија, ти посакувам многу здравје и успех на секое поле!