fbpx
6 C
Skopje

СМС пораки на Ахмети и Бајрами за случајот „Монструм“: Јасно се гледа дека се професионалци, не оставиле никакви траги

АКТУЕЛНО

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ продолжија да се читаат СМС пораките поврзани со петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година.

Дел од пораките кои беа прочитани содржеа разговор што се водел помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот министер Џелал Бајрами. Во разговорот Бајрами вели дека убиството го извршиле професионалци и дека не оставиле никакви траги освен тие од гумите на автомобилот.

– Јасно се гледа дека се професионалци. Мене ми наликува на сцени од војната во поранешна Југославија – му рече Бајрами на Ахмети.

За петкратното убиство обвинети се Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -