6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

СНЕГ ДО 3 МЕТРИ: Оваа европска држава е блокирана од снежни наноси (ФОТО)

Снегот во некои делови од Норвешка достигна висина од три метри, па некои куќи се затрупани, јави државниот новински сервис NRK.

„Ова е втор пат зимава да го чистам снегот со изнајмена опрема. Има премногу снег. Вчера цел ден го поминав да го откопам мојот караван заедно со уште петмина“, вели една жена.

„Ако не го тргнеме снегот од терасата или од покривот“, тие може да паднат“, додава таа.

Според возач на камион за расчистување снег, има „добра количина“ снег.

„Мора да се тргне пред да стане влажен и тежок“, додава тој.

Метеоролозите очекуваат нови врнежи во следните денови.

„Се очекува викендов во Ходраланд да се формира нова снежна покривка на надморска височина од 200 до 500 метри. Пониските делови ќе имаат снег во петок, а ќе стане и постудено“, велат од Метеоролошката станица.

Снег се очекува во јужните делови од земјата, а на северот ќе се појави сонце.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -