fbpx
6 C
Skopje

Со име и презиме: Мицкоски со три жени и еден маж сака учество во техничката Владата на Спасовски

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски предложија четири имиња за слободните места во техничката влада, каде премиер ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ.

Рашела Мизрахи, Цветан Трипуновски, Гордана Димитриеска Кочоска и Невенка Стаменковска Стојковски се адутите со кои техничката влада ќе треба да ги спореведе предвремените парламентарни избори, кои првично се закажани за 12-ти април.

Цветан Трипуновски ќе биде предложен за нов заменик-министер за земјоделие, а за заменик-министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска-Кочоска.

Мизрахи е предложена за технички министер за труд и социјална политикa, а за нов заменик-министер за информатичко општество и администрација ќе биде предложена актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска-Стојковски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -