fbpx
13.8 C
Skopje

Со излегување на референдум и гласање „против“, овозможувате промена на име

АКТУЕЛНО

МАТЕМАТИЧКИ ПРЕЦИЗНО, како што би се изразил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, преку поддршка на референдум, со како што вели тој, со гласање „против“ договорот за решавање на спорот за името, постигнат меѓу двете влади, се доаѓа и до конечна потврда од народот за конечна промена на името Република Македонија, односно компромис потврден од народот преку непосредно одлучување токму на референдум.

Со еден ваков став, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да глуми дека е против промена на име, а всушност преку поддршка на референдум, му овозможува потребен цензус на СДСМ и ДУИ, за да можат и конечно, да го спроведат она кое го договорија со грчката страна – промена на името на Република Македонија, преку непосредно одлучување на самите граѓани на референдум.

Со тоа, и двајцата политичари, и Заев и Мицкоски промената на името на Република Македонија ќе ја крунисаат со конечна потврда од самиот народ, додека претседателот на најголемата опозициска партија ќе повика на гласање „против“, и самиот ќе гласа „против“ – нешто што претставува спас на нечии лични кариери, како и алиби за идно политичко дејствување односно префрлување на вината на само еден политичар – Зоран Заев. Оние пак, кои ќе повикаат на БОЈКОТ на самиот референдум ќе бидат прогласени за предавници кои не сакаат да си го „одбранат“ своето име, името на нивната татковина.

ЗОШТО Е ТОА ТАКА?

Главни фактори кои би можеле математички прецизно да не упатат до самиот исход од референдумот за истиот да биде успешен, се овие бројки:

Бројка на запишани гласачи во избирачкиот список 1.800.000
ЗА УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ ПОТРЕБНИ СЕ: Околу 900. 000 лица
ЗА ДА ПОМИНЕ ОДНОСНО ДА БИДЕ ПОТВРДЕНА ПРОМЕНА НА ИМЕ ПОТРЕБНИ СЕ: 451. 000 гласачи

Што значи тоа: САМО ПОВИК ЗА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат околу 454. 000 гласови на последните парламентарни избори, би било огромен проблем за Владата да обезбеди излезеност за успешен референдум, односно за негова валидност.

Според договорот кој е постигнат и кој ќе биде потпишан меѓу двете Влади, е потребна промена на Уставот на Република Македонија, нешто кое исто така не може да помине без поддршка на ВМРО-ДПМНЕ односно на нивните пратеници во Собранието на Република Македонија.

Историјата памети храбри и одлучни политичари, а не политичари кои на дневна основа преку билдање на лажен патриотизам ќе се обидат политички да поентираат врз својот политички непријател. Затоа, би било добро во овие тешки времиња за државата, одредени политичари да не глумат лажна загриженост и да покажат одлучност кон решавање на најгорливото прашање за македонската држава.

Марио Милчевски 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -