fbpx
21.8 C
Skopje

Со молотов коктел уништен кафе-бар во Тетово

АКТУЕЛНО

Рано утрово околу 4 часот предизвикана е општа опасност во тетовското кафуле „Баркод“ кое се наоѓа на улицата „ЈНА“. Напаѓачите засега се непознати, а во кафулето фрлиле стаклено шише со запалива течност.

Според инфорамциите за СВР Тетово, од молотовиот коктел биле оштетени две дрвени маси, дванаесет столчиња, како и подот и шанкот и дел од музичката опрема.

Објектот е во сопственост на Р.М. (40). Нема повредени лица во овој инциент. При увидот се најдени повеќе траги кои ќе се вештачат. Надлежните ги бараат напаѓачите и работат на расветлување на целосната материјална штета.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -