fbpx
21.8 C
Skopje

Собранието на РМ ја изгласа ратификацијата на договорот со Бугарија

АКТУЕЛНО

Собранието на Република Македонија ја изгласа ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија со 61 глас „За“ и 1 „Воздржан“.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во неговото обраќање истакна дека овој договор ги покрива најважните националнио интереси и дека денешниот ден има симболика, бидејќи на тој ден Бугарија ја призна Македонија.

Пратеникот Ферид Мухиќ најави дека ќе остане воздржан за Договорот откако изјави дека договорот не е симетричен и дека Македонија прави отстапки кои не се вообичаени.

На седницата на која што беше ратификуван договорот не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои ја бојкотираат работата на Собранието во знак на поддршка на приведените за настаните од 27 април.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -