fbpx
20 C
Skopje

Соколов: Господ нека им ги прости гревовите бидејќи овој напатен народ ниту проштева, ниту заборава

АКТУЕЛНО

Вчера целата македонска и светска јавност беше сведок на уште едно флагрантно кршење на Уставот на Р Македонија и Деловникот на Собранието на Р.М. со насилничко и сомнително донесување на Законот за употерба на јазиците во Р Македонија, вели за “Поглед“ координаторот за дијаспората и задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ Иван Соколов.

Оттука неможам ако не споменам дека излезе на виделина целото лицемерие и непријателска дејност и улога на СДС И ДУИ кон Р. МАКЕДОНИЈА. Донесувањето на овој непријатески закон всушност представува и врв на велепредавство за кое сите пратеници од СДС кога тогаш ке одговараат. Несакам да бидам престрог но морам да признам дека денес целата македонска нација е брутално силувана. ВМРО ДПМНЕ и покрај своите обиди да застане на браникот на на македонските национални интереси во овој случај се покажа како не доволно решителна за да го спречи тој велепредавнички чин на СДС и ДУИ. Веројатно останува на целиот македонски народ и секој поединец засебно да си ја земе својата улога во оваа националба борба и на секој од пратениците од велепредавничкиот табор на СДС јавно да му го покаже патот на неповратот … Патот по кој одат велепредавниците со наведната глава.. Господ нека им ги прости гревовите… Но овој напатен народ нит проштева нит заборава, додава тој.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -