10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Соколов и Трајковски со полна агенда секој ден – се пожестока изборна борба во Делчево

Кандидатите за градоначалници на Делчево од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се со полна агенда секој ден и имаат поголема активност со секој изминат ден во кампањата. Имено, во текот на вчерашниот ден и двајцата кандидати придружувани од политичките подмладоци на своите партии го следеа натпреварот помеѓу фудбалскиот клуб Брегалница на соседското фудбалско дерби со ФК Малеш.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Иван Соколов
Кандидатот за градоначалник на СДСМ Горан Трајковски

Кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ Горан Трајковски заедно со претседателката на ОО СДСМ Мира Стојчевска присуствуваа на отварањето на младинскиот изборен штаб во Делчево, но и на отварање на изборен штаб во село Ѕвегор. Неговиот против кандидат од ВМРО ДПМНЕ Иван Соколов продолжи со посетите во населбата “Милково Брдо“ каде што пред граѓаните од оваа населба ја презентираше програмата на ВМРО ДПМНЕ.

Младински изборен штаб

Победничка атмосфера на отварањето на младинскиот изборен штаб

Posted by Горан Трајковски – Градоначалник на Општина Делчево on Saturday, September 30, 2017

 

Средба со граѓани на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Иван Соколов 
Отварање на изборен штаб на СДСМ во село Ѕвегор – Делчево

И двајцата кандидати во своите говори најавуваат победа и тоа во прв круг. Она што е интересно е што и двајцата ја очекуваат поддршка на партијата на Љубчо Георгиевски и нејзините членови која изборни циклуси по ред, има изборен резултат со над 1. 200 гласови кои во ова градче можат да бидат одлучувачки.

Почитувани сограѓани,Денеска посетивме дел од населбата "Милково Брдо" каде што ја промовиравме нашата предизборна програма.И овде како и во останатите делови на градот Делчево бевме одлично примени и мој впечаток е дека овде победата ќе биде многу голема,овде победуваме во сооднос 3:1.Со почитИван Соколов 30.09.2017

Posted by Ivan Sokolov on Saturday, September 30, 2017

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави