fbpx
12.8 C
Skopje

Сонот на љубителите на спортот е реалност – Икер Касилјас во Премиер лигата

АКТУЕЛНО

Шпанските медиуми односно „Дон Балон“ денес пренесува ексклузивна информација во која тврди дека голманот Икер Касилјас наскоро би можел да замине во Премиер лигата.

Како што наведува медиумот, од Челси и Арсенал има сериозен интерес за 35-годишниот голман, а во опција се уште неколку помали тимови, кои сепак не се на реномето на Шпанецот.

Конте ќе го продаде Асмир Беговиќ, па токму во Касилјас гледа одлична конкуренција за Куртоа, додека од друга страна Оспина, резервниот голман на Арсенал воопшто не се докажа и наскоро се очекува да го напушти „Емирати“.

Пред две години Касилјас замина од Реал Мадрид и пристигна Порто, каде брани на високо ниво и не е исклучена можноста да го исполни сонот на голем број јубители на фудбалот да заигра во Премиер лигата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -