fbpx
6.8 C
Skopje

Сообраќај кој загрижува: На секои 11 минути – пијан човек дивее низ улиците на Скопје

АКТУЕЛНО

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на вчера и денеска во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се 180 возачи, a кај 33 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден одбил да подлежи на алкотестирање.

Кога математички ќе се пресмета, значи дека на секои 10,9 односно 11 минути еден пијан возач дивее низ улиците на главниот град. Време е возачите да ја кренат свеста и да започнат да внимаваат, бидејќи со возењето под дејство на алкохол, загрозоуваат огромен број на животи.

По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки. Исклучени се 34 возачи од сообраќај, издадени се 34 мандатни платни налози и откриени се 48 останати прекршоци.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -