fbpx
10 C
Skopje

Соопштение од Националниот Сојуз на слепите лица: Апел до Општина Кисела Вода да го почитува законот за градба

АКТУЕЛНО

Почитувани медиумски работници

Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија како единствена национална инвалидска организација и единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица се обрати до Народниот Правобранител по предмет претставка поднесена од семејство на лице со оштетен вид кое живее на улица Лазар Димитров и секојдневно минува низ голготата поради тесната и непристапна улица.

Имено нашите служби во повеќе наврати се обидоа да воспостават контакт со надлежните во општина Кисела Вода, од кои за жал само еднаш остваривме средба која очигледно не беше успешна.

Упатуваме апел сите единици на локалната самоуправа вклучително и општина Кисела Вода да се почитува законот за градба особено неговите измени и дополнувања од 2014 година во делот на пристапни патеки на слепите лица.

Апсолутно е дискриминација заради политички интереси на поединци улицата во 21 век да не биде пристапна на брза помош, за противпожарно возило, итн.

Луѓето кои живеат на горенаведената улица се принудени до крајот на улицата да ги носат на раце своите неподвижни членови на семејството до возило на брза помош.

Доста е манипулции и ситни партиски интереси. Инвалидизираните лица заслужуваат живот во оваа земја.

Бараме итно реагирање од надлежните во општина Кисела Вода и решавање на проблемот со узурпација на земјиште за кој општината е запознаена и си молчи.

Со Почит

Генерален Секретар
Стерја Димов

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -