fbpx
6.8 C
Skopje

Сопругата на напаѓачот во Лондон „тажна и шокирана“

АКТУЕЛНО

Сопругата на напаѓачот во Лондон, кој минатата недела уби четири луѓе пред британскиот парламент, изјавила дека е „шокирана и тажна“.

Во соопштението кое го објавила полицијата, сопругата на Халид Масуд изјавила дека сочуствува со семејствата на загинатите, а на сите повредени им посакува брзо закрепнување.

„Би сакала само да замолам за приватност на нашето семејство, особено на децата во овие тешки времиња“, напишала таа.

Полицијата е уверена дека Масуд (52) сам го изведел нападот во Лондон минатата среда, но се обидуваат да утрвдат дали некој го инспирирал или командувал во неговите акции.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -