fbpx
3 C
Skopje

Совети: Како да постапувате за време на земјотрес?

АКТУЕЛНО

Земјотресите се елементарни непогоди коишто се резултат на поместувањето на тектонските плочи и движењето на земјината кора, при што, се ослободува голема енергија која води до потресување на земјата.

Ако сте внатре, најдете засолниште

Веднаш легнете на земја

Големите земјотреси настануваат без предупредување, дури и малите земјотреси може да се претворат во големи земјотреси за само неколку секунди. Тогаш најдобро е да легнете на земја и да преминете на следната точка.

Најдете засолниште

Сокријте се под маса или било кое друго парче мебел. Држете се настрана од стакло, светилки, прозори или било каков друг мебел кој може да се искрши и да ве повреди.

Ако немате маса во близина, тогаш покријте ја главата со вашите раце во агол од зградата или домот во кој живеете.

Никако:

– Не смеете да трчате надвор, така можете да се повредите излегувајќи од зградата.

– Не застанувајте на врата, побезбедни сте под маса, отколку под врата.

– Не трчајте во друга соба за да застанете под маса.

Држете се за нешто

Ако успеавте да се најдете под маса, цврсто држете се за неа, додека не престане да се тресе земјата. Ако не успеавте да најдете место каде да се криете, продолжете да ги држите рацете над главата.

Останете внатре додека не престане тресењето
Многу повреди настануваат кога луѓето во зграда или куќа се обидуваат да се движат од една кон друга локација.

Кога ќе престане тресењето, одете бавно, не трчајте. Внимавајте на потресите кои доаѓаат по главниот земјотрес.

Застанете на место надвор каде во ваша близина нема жици на далноводи, згради или дупки во земјата.

Никако не употребувајте лифт. Држете се настрана од згради, улични светилки и струјни жици од далноводи

Тие се најголемата опасност кога ќе се најдете надвор за време на земјотрес.

целиот текст на ЦрноБело ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -