fbpx
7.9 C
Skopje

Совети за подготвување на автомобилот пред тргнување на летен одмор

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Летната сезона ни е пред вратите, а тоа значи дека почнуваат и првите летни одмори. Подготовките за летниот одмор се неизоставен дел од целото доживување, па навистина би било непријатно доколку на патувањето до дестинацијата се појават проблеми со автомобилот. Луѓето честопати знаат да ја заборават важноста што ја има сигурниот автомобил, па затоа ќе потсетиме што сè е неопходно да се провери за да имате сигурен и лесен пат до посакуваната дестинација. Проверката на основните функции и системи на автомобилот е неопходна за убав и сигурен пат.

Првенствено, проверете ги сопирачките. Тие се една од најважните компоненти на автомобилот. Без разлика дали патувате на кратка или подолга дестинација, неопходно е сопирачките да функционираат беспрекорно за да се зголеми безбедноста на вашето возило. Следствено, пред патувањето, препорачливо е да ги проверите и гумите, како и функционалноста и состојбата на резервната гума. Пред патувањето, надујте ги сите гуми еднакво со препорачаниот притисок за вашето возило. Исто така, важно е и резервната гума да биде надуена, во случај ако треба да ја искористите. Доколку гумите се истрошени или се користат подолго време, идеално е да се консултирате со механичар за нивната состојба и за тоа дали е безбедно со такви гуми да се тргнува на подолг пат.

Сигнализацијата на патиштата е од огромно значење, особено на автопатиштата. Во таа насока, пред тргнување на пат, важно е предните светла, штоп-светлата и трепкачите да функционираат соодветно, за да се зголеми општата безбедност. Дополнително, паметна инвестиција е да ги промените старите бришачи со нови и да ги наполните резервоарите за течност на ветробранското стакло, бидејќи на „отворен“ пат, прегледноста е од највисоко значење. Не секогаш моторите, особено на постарите автомобили, се во состојба да минат илјадници километри. За поголема сигурност, препорачуваме автомобилот да мине редовен сервис кај произведувачот, а доколку не сте во можност да го сторите тоа, сами проверете ги течностите, масло, течност за сопирачки и слично. Дополнително, проверете ја и состојбата на батеријата, акумулаторот на возилото. Ако акумулаторот е постар од 3 години, препорачливо е да го провери механичар пред тргнувањето кон саканата дестинација.

Kрајно, со целиот багаж и сите додатоци што се носат на одмор, важно е во багажот на автомобилот да имате и соодветни алати за итни случаи. Тука може да го наведеме сетот за менување гума, дигалка и соодветен клуч, прва помош, знак за означување запрено возило на коловоз, односно сигурносен триаголник, апарат за гаснење пожар и други дополнителни алати, кои би можеле да помогнат во несакани ситуации. Советуваме во автомобилот секогаш да имате вода за пиење, храна што не се расипува брзо и може да издржи високи температури и соодветна облека за високи температури.

Автомобилот е важен дел од вашиот летен одмор, па затоа кратките и брзи проверки пред тргнување на долг пат може да само да ви помогнат патувањето да ви биде сигурно и удобно.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Kовид резултати: Бројката на починaти денес е двоцифренa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-179, Куманово-24,...

Доктор објави фотографија како изгледа “корона јазик” (фото

Прочитај повеќр во продолжение Епидемиологот Тим ​​Спектор од Универзитетскиот колеџ во Лондон е лидер на научна студија која се занимава со симптоми на коронавирус, а...

Што се Бајден отстрани од Овалната соба? Исчезна и црвеното копче од масата на Трамп кое служело за да може да си нарача кока...

Новиот претседател на САД не губел време на отстранување на сето она кое може да го потсетува на неговиот претходник Доналд Трамп. Освен што...

Што значат зборовите на вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ? Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата

Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, не мислам дека тоа е невозможно да се случи, да почекаме, изјави вечерва генералниот...

Го прашаа Шилегов дали има нарушени односи со премиерот Заев: Неговиот одговор е едноставен

Водителот на емисијата „360 степени“ го праша скопскиот градоначалник Петре Шилегов во какви односи е со премиерот Зоран Заев и дали е вистина дека...
- Advertisement -