На иницијатива на советникот на ВМРО Народна партија Николчо Ситновски денес вкупно 300 заштитни маски добија жителите на село Тработивиште. Целта на ваквата иницијатива според Ситновски е заштита на населението од појавата на зараза од коронавирусот.
Како советник чувствувам обврска да им помогнам на жителите на Тработивиште од каде потекнувам, затоа што сметам дека заштитните маски можат да спречат појава на вирусот и во нашиот крај. Се надевам дека ова ќе биде пример за слични вакви акции и од останати хумани граѓани, рече Ситновски во ијзава за Делчево365.
Тој упати благодарност до членовите на Локалниот клуб на СДММ кои ги дистрибуираа маските до домовите на жителите на Тработитивште.
По одлука на делчевскиот Совет, Ситновски заедно со останатите свои колеги се откажа и од паушалот за месеците април и мај, средства кои ќе бидат наменети за борбата против коронавирусот.