fbpx
26.8 C
Skopje

Спасовски и МВР се јавија: Еве што треба да направите, доколку некој ве снима или фотографира кога одите на гласање

АКТУЕЛНО

Денес се одвива гласањето во дијаспората по повод Референдумот за промена на Уставното име на Република Македонија, со цел влез во Европската унија и НАТО.

Низа инциденти се случија во Мелбурн, каде група граѓани ги снимиле оние што отишле да гласаат, воедно истакнувајќи им дека се предавници и дека она што го прават е нивен личен срам.

По тој повод се огласи и Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој порача дека секој оној што ќе забележи дека е сниман или смета дека му е попречено правото на глас, веднаш да пријави во полициска станица на 192. Доколку некоја фотографија се појави на интернет, истата може да ја пријавите на cybercrime@moi.gov.mk

„Доколку забележите дека некој ве снима, го извикува на глас вашето име и презиме, или на било кој начин го попречува вашето право да гласате, веднаш пријавате на 192 или на полицискиот службеник во близина на вашето гласачко место. Доколку вашата фотографија се појави на социјалните мрежи, пријавете на cybercrime@moi.gov.mk“, стои во објаснувањето на Спасовски.

Доколку забележите дека некој ве снима, го извикува на глас вашето име и презиме, или на било кој начин го попречува…

Posted by Oliver Spasovski on Saturday, September 29, 2018

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -