fbpx
12 C
Skopje

Спасовски ќе го разреши директорот на БЈБ, целосно не била спроведена процедурата за службено патување

АКТУЕЛНО

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, заради скандалот со џипот Ренџ Ровер во Грција. Во своето образложение Велковски се правдал дека ја пратил ќерка му со обезбедување и службен џип на одмор во ГРција поради наводни закани по живот.

 

Соопштението на МВР ви го пренесуваме во целост:

Во врска со случајот со користењето на службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ кое на ден 2 август 2018 година, управувано од полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти патувало на територија на Република Грција, а по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност.

Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. Во овој случај целосно не било спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување.

Заради ова, министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Захариева: Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захериева, за БНТ денеска изјави дека недопусливо е тоа што во Македонија во 21 век не се...

Скоро 8000 слободни работни места имало во четвртиот квартал од 2020, најмногу во преработувачката индустрија

Во последниот квартал од минатата година стапката на слободни работни места изнесува 1,57 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци во овој квартал...
- Advertisement -