fbpx
7 C
Skopje

Спасовски: Се обработуваат снимките од инцидентот со полицајката

АКТУЕЛНО

Шилегов: Мементо парк за дислокација на спомениците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се...

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги повикува сведоците на инцидентот кај ТЦ Мавровка во кој полицајка вербално била нападната додека ги извршувала своите работни задачи на крстосницата на булевар „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори“ во Скопје, како и сите кои имаат снимки да ги достават до МВР за да можат да ги процесуираат до Јавното обвинителство.

– Снимките кои ги има од камерите кои се на Град Скопје веќе се обработуваат и ќе бидат доставени, а доколку има било какви други снимки да се достават до МВР за да се документира случајот и да се расчисти до крај. Одговорно тврдам дека тоа што беше вчера соопштено е документирано и е предадено во ЈО и МВР стои на располагање да го расветлиме случајот ако имаме било какви нови материјали и докази кои ќе кажат дека нешто поинаку се случило. Тоа ќе биде добро и за постапувањето на полицајците во иднина, рече Спасовски во одговор на прашање по промоцијата на нови кандидати за полициски службеници во Центарот за обука во Идризово.

Тој осуди каков било акт на насилство врз граѓани или врз полицајците кои си ја остваруваат службената дејност и упати апел до граѓаните да ги почитуваат полицајците, а полицајците да имаат неселективен пристап кон секого.

Веднаш по случувањето на настанот, како што рече, се земени службени белешки од полицаецот кој постапувал и од неговите колеги кои биле на местото на настанот и тој материјал, нагласи, е предаден на ОЈО, а воедно е поднесена и прекршочна пријава за омаловажување на полицаец.

– Како одговорен човек чувствував обврска да ја повикам колешката и да разговарам со неа. Не ме интересират никакви функционери од било која политичка партија или носители на државни функции, туку ме интересираат полицијаците, Уставот и граѓаните. Полицајците ќе имаат моја целосна поддршка во секој момент да постапуваат согласно законските овластувања. Постапувањето на колешката треба да биде пример за секој полицаец и за секој што сака да ги почитува законите во државава жестоко да се спротивставиме на непринципиелното и незаконското однесување. Секој граѓанин мора да ги почитува правилата и да има ред и поредок, рече Спасовски.

Тој нагласи дека во минатото многу случаи се затскриваа и затоа, како што рече, ја разбира сензитивноста на јавноста. Додаде дека ова раководство на МВР не сака да ги крие настаните и преку Внатрешна контрола да сугерира како да се постапува за одредени сегменти, ниту, пак, да се селектира како ќе се постапува врз одредени поедници без разлика дали се припадници на политички партии, религиозни групи и на една или друга националност.

Вчера редакцијата на „Макфакс“ објави дека доделува значителна награда за сведок кој ќе испрати снимка од инцидентот со полицајката.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Зоран Заев се прости од Баге: ТАЖНА ВЕСТ – силно ме погоди веста за омилениот другар за неговите пријатели, Благоја Стефановски Баге

Премиерот Заев на својот фејсбук приофил се прости од поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге кој вчера...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ извика “да живее Зоран Заев”: Се огласи и Костадинов

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за надворешни работи, портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски направи лапсус и викна „Да живее Зоран Заев“. По...

Резултатите за изминатите 24 часа: Дури 2824 луѓе биле тестирани, позитивни се 1100

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56,...

Цеца не можеше да се воздржи: Внукот Жељко ја доведе до солзи

Хит на Интернет... Светлана Цеца Ражнатовиќ секој слободен момент го поминува со внукот Жељко и ужива со него, а што прават и како се забавуваат...

Koга е безбедно да се гледате со другите луѓе откако ќе прележите Kовид-19 – оваа грешка речиси никој не ја прави

Се разболувате. Поминуваат неколку дена, и за среќа почнувате да се чувствувате подобро. Дали е во ред тогаш повторно да започнете да се гледате...
- Advertisement -