Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без колебање дали треба да се учествува на избори или не. Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие, страв од пораз , но тоа е нивен проблем.
Граѓаните треба да ценат дали луѓе кои се лицемерни пред сопствениот народ , дали луѓе кои немаат став по ниту едно прашање во државата и луѓе кои постојано бегаат од политички битки можат нешто повеќе да придонесат.
Изборите во Штип не смеат да се стават во функција дали некој ќе ја задржи фотелјата или не , изборите во Штип се прават заради граѓаните и затоа одговорноста на сите политички субјекти се гледа и тука