fbpx
-4 C
Skopje

Спасовски: Важно е да избереме кандидат кој ќе биде достоен за претседател

АКТУЕЛНО

Екс премиерот Љубчо Георгиевски: Заев радикално влегол во зближување со Бугарија и за тоа треба да се награди македонската влада со почеток на преговорите...

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека во Бугарија секој става акцент на нешто повеќе. „Таму има големо негативно...

Љубчо Георгиевски: Бугарите немаат чувство за тоа што се случува кај нас, ветото е одземање на перспективата не само на Македонците

Љубчо Георгиевски вечерва во „Клик Плус“ ја коментираше изјвата на Али Ахмети дека „Албанците треба да застанат рамо до рамо со Македонците“ за спорот...

Јоци: Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази

Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази - ,,едно општество за сите". Се...

Првиот човек на МВР потврди: Спасовски вели дека полицискиот час е опција доколку се случи да има прогрес на пандемијата

Досега не е прелдожена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период –...

За Македонија е многу важно да избереме кандидат кој ќе биде достоен да ја извршува функцијата претседател, бидејќи престојат многу важни процеси за државата, остварување на националните интереси, членството во НАТО и ЕУ, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски без конкретно да се изјасни за евентуалната негова кандидатура.

-За Македонија е многу важно да избереме кандидат кој ќе биде достоен да ја извршува функцијата претседател, кој ќе не обединува сите нас, кој Македонија ја подразбира како едно општетсво, кандидат кој ќе има визија за тоа што следи во иднина за РМ и каква перспектива ќе мора да обезбеди заедно со Владата на РМ на идните генерации. Сите ние треба да бидеме посветени максимално кон изнаоѓање на вистинскиот кандидат. Потојат многу кандидати кои ги исполнуваат ваквите критериуми. За тоа ќе разговараме, ќе го консултираме членството, се прават испитувања на јавното мислење за тоа што мислат граѓаните, и на основа на тоа да се избере најдобриот можен кандидат затоа што на Македонија сега и е потребен добар претседател, бидејќи престојат многу важни процеси за државата, остварување на националните интереси, членството во НАТО и ЕУ. Затоа е потребно и институционално единство, вели Спасовски на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Тој посочи дека за утревечер веќе е закажан Централен одбор на партијата на кој што ќе ја отворат постапката во однос на кандидатурите, која согласно партискиот статут, ќе се води од најниско ниво, а на крајот ќе одлучува Конгресот на партијата во однос на утврдувањето кандидати.

Во однос на рокот кога СДСМ ќе го одржи Конгресот, Спасовски, кој е и потпретседател на партијата, рече дека тоа ќе биде решено на утрешните седници на Централниот и на Извршниот одбор на партијата.

-Не би сакал да шпекулирам со датуми, но ќе знаеме точно со рокови кога и кои дејства ќе бидат спроведувани и кога би го знаеле кандидатот на СДСМ. Најважно е целата таа постапка да биде испочитувана, да ги погледнеме и истражувањата на јавното мислење. Нашиот претседател веќе најави дека имаме повеќе кандидати. Верувам дека ќе го направиме најдобриот избор, рече Спасовски изразувајќи уверување дека претседателот на РМ во наредниот мандат ќе биде од редовите на Коалицијата предводена од СДСМ.

На прашањето да го каже својот став во врска со можноста за одржување на предвремени парламентарни со претстојните претседателски избори, што е барање на опозицијата, Спасовски нагласи дека на утрешниот ЦО меѓудругото ќе се разгледува и таа можност.

Истакна дека убавината на работењето на СДСМ е тоа што нејзините функционери имаат можност слободно да размислуваат гласно и да ги кажат своите ставови во однос на одредено прашање, па така и за ова.

-Би сакал овие ставови што ги имаме врз основа на многу акти и аргументи да ги анализираме во партијата и потоа да излеземе со јасен став во однос на сите овие прашања и да кажеме дали ќе имаме претседателски и предвремени избори во исто време, рече Спасовски.

Тој додаде дека сепак ова прашање треба да се разгледува од повеќе аспекти – иднината на државата, економскиот напредок, процесите на интеграција во ЕУ и НАТО.

За бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, тој повтори дека МВР ги исполнило сите барања на Оделението за организиран криминал и корупција во Јавното обвинителство, кое ја води истрагата и оти се собрани многу податоци и информации кое тоа обвинителство ги анализира и кое треба да излезе со информација.

-Важно е да се утврдат сите факти, и врз основа на нив да видиме што е тоа што и фали на РМ во ваквите процеси. Дали имаме лична одговорност некаде, дали имаме некаков системски пропуст кој што треба да биде отстранет. Сето тоа треба да ни даде податок како да настапиме понатаму како држава, изјави Спасовски.

Додаде дека МВР ги спроведува наредбите и одлуките кои ги добива од ЈО и од судовите.

-Ние не можеме да носиме никаква одлука, која се однесува за кој било случај. Зошто се тие такви одлуки какви што се, можеме и јас и МВР да се согласуваме или да сметаме дека можело да биде на друг начин регулирано, меѓутоа одлуките се на органите кои се надлежни за тоа, рече Спасовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Вакцината против ковид ќе биде задолжителна за сите што сакаат да летаат со авион

Извршниот директор на авиокомпанијата „Квантас“ (Qantas), Алан Џојс, изјавил дека луѓето кои ќе сакаат да летаат со нивната компанија, ќе мора да докажат дека...

Joванka не беше единствената љубов на Тито: Еве во кој бил заљубен маршалот

Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија денеска се славело Ден на младоста и роденденот на претседателот Јосип Броз Тито. За политичките потези на поранешниот лидер...

Банките ќе ги исплаќаат пензиите од 26 ноември

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското...

100 илјади долари за еден биткоин? Инвеститорите очекуваат златна треска

Биткоинот да расте пет пати годишно и да достигне 100 000 американски долари? Звучи скоро скандалозно, но ова е реална прогноза на некои големи...

Why is Switzerland the best country in the world?

What makes Switzerland such a good country? They are rich Depending on whose estimates you trust, Switzerland ranks eighth or ninth in the world when...
- Advertisement -