fbpx
10 C
Skopje

Спасовски во живо: Бадијала се трудат да не спречат во пресметката со криминалните структури

АКТУЕЛНО

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференцијата која е во тек истакна дека денес е сузбиена криминална група, во која имало службеници во управните служби од МВР, злоупотребувајќи ја службената положба издавале патни исправи, а за таа цел злоупотребувале туѓ идентитет.

Тој кажа на почетокот на 2019 година, од страна на одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал воспоставена била криминалистичка истрага за лице вработени во управните служби на МВР.
Инволвираните лица издавале македонски патни исправи за лица кои биле странски државјани злоупотребувајќи идентитет на македонски граѓани кои во тој момент не поседувале лични документи.

Службените лица делото го направиле на начин спротивен на постапката за издавање патни исправи и визи и евиденции од закон за патни исправи на државјаните на Р.С. Македонија.
Тие направиле македонски патни исправи под туѓ идентите за вкупно 215 лица, од кои 214 биле за странски државјани, а една за македонски државјанин.
Министерот Спасовски на прес-конференцијата истакна дека 10 лица добиле кривична пријава, а 9 се приведени.

Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, за саботажа и опструкции во борбата со криминалните структури и им порача дека сето тоа што го правеле било бадијала.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -