fbpx
6 C
Skopje

Спорот со името и скандалот „Новартис“ ја одредуваат политичката сцена во Грција

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Поделено е мислењето на Грците во однос на тоа дали постои простор за компромисно решение на спорот со името прифатено од двете страни.

Според истражувањето на јавното мислење објавено во весникот „То вима“, како што јави дописникот на МИА од Атина, 49 отсто од анкетираните сметаат дека постои простор за решение, додека пак 46 проценти одговориле негативно на прашањето за евентуален договор меѓу двете земји.

Разговорите за името и скандалот „Новартис“, двете најголеми теми во Грција од изминатиот период, според анкетата која што е најголема спроведена до сега, се главните точки што ја одредуваат политичката сцена кај јужниот сосед.

Претседателот на „Метрон Анализис“, агенцијата што го спроведе истражувањето, за „То вима“ анализира дека актуелната грчка Влада е во загуба поради прашањето за името, но добива поени во однос на скандалот со фармацевтската компанија. Кај опозицијата, ситуацијата е спротивна.

Владата се чини дека губи поради македонското прашање, додека пак опозицијата губи поради скандалот „Новартис“, а двата случаи се еден наспроти друг, можеби затоа што и двете прашања се уште се во тек и тешко може да се одреди како ќе завршат, пишува Стратос Фанарас, претседателот на агенцијата „Метрон Анализис“, пренесува МИА.

На прашањето кој е најголемиот проблем со кој што се соочува земјата во овој момент, 39 отсто од анкетираните рекле дека тоа е економијата, 19 проценти невработеноста, 11 отсто политичарите и политичкиот систем, а само 9 проценти одговориле дека тоа е надворешната политика и македонското прашање.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека опозициската Нова демократија и понатаму е во водство пред владејачката СИРИЗА, но со намалена разлика, додека пак зголемен е рејтингот на радикално десничарската Златна зора. Поконкретно, според анкетата: Нова демократија има 34.9 отсто, СИРИЗА 25.2, Златна зора 9.4, Движење за промена 8.4, Комунистичка партија 7 отсто, Сојуз на централисти 3 отсто, Независни Грци 2.5 отсто.

Мнозинството од анкетираните (64 проценти) сметаа дека на следните парламентарни избори во Грција, Нова демократија ќе биде прва, додека пак 21 отсто рекле дека ќе победи СИРИЗА.

Во однос на тоа кој е најсоодветен за премиер на земјата, 22 проценти одговориле дека е Кирјакос Мицотакис, лидерот на Нова демократија, 18 отсто Алексис Ципрас, а 45 отсто од анкетираните го одбрале одговорот: никој.

Седумдесет и дват отсто од Грците сметаат дека земјата оди во погрешна насока, а исто толкав е процентот на оние кои што негативно ја оцениле работата на грчката Влада.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...

Вo браk бea 70 години и во само три минути заедно починaa од kоронавирус За три дена требаше да ја примат ваkцината

Сопружниците Дик и Ширли Мик почиnаа од kоронавирус три дена пред да ја примат ваkцината против вирусот, а тие се во брак 70 години. Според...

Познатиот русkи астролог Тамара Глоба тврди: За овие три знаци 2021-ва година ќе биде година на невидена среќа

Тамара Глоба е познат руски астролог, а на нејзините предвидувања им се верува, бидејќи речиси никогаш не греши. Таа тврди дека оваа година овие три...
- Advertisement -