fbpx
13.8 C
Skopje

Спорот за името пред самиот финиш: Заев и Ципрас со само уште еден телефонски разговор до конечна смена на името!?

АКТУЕЛНО

Премиерот Зоран Заев денеска имаше 60 -минутен телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Заев и Ципрас разговарале за преостанатите парашања и разгледале неколку идеи за решенија. Договорено е во текот на утрешното претпладне да имаат уште еден разовор.

Речиси во истовреме разговорот е потврден од грчката Влада.

Во добра клима поминал телефонскиот разговор на Заев и  Ципрас, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, а по едночасовниот разговор, двајцата премиери се договориле утре наутро одново да се слушнат.

– Премиерот Алексис Ципрас денес напладне имаше телефонски разговор со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, кој помина во добра клима. Двајцата премиери се договорија да ги завршат нивните разговори за време на нов телефонски разговор во вторник наутро, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -