fbpx
6.8 C
Skopje

СПЦ забрани македонски студенти по теологија да патуваат во Белград

АКТУЕЛНО

Српската православна црква му забранила на студентскиот парламент на Православниот богословски факултет во Белград да пречека делегација од студенти на богословскиот факултет во Скопје, дознава „Религија.мк“. Иако на ниво на студентски парламенти веќе било договорена взаемна посета на студенти од двата факултети сепак таа нема да се реализира поради неразумните одлуки на некои од српските владици.

Првата група студенти од Богословскиот факултет во Скопје требало во мај да замине во посета на тамошниот православен факултет, а возвратна посета требало да се случи во октомври. Сепак од сето ова нема да се случи ништо, затоа што српските владици во последен момент ја промениле одлуката и забраниле каква било комуникација меѓу студентите од двата факултета. Главната причина повторно е Јован Вранишковски и поседната одлука на судот кој повторно го осуди.

Изворите на „Религија.мк“ велат дека високи црковни лица на СПЦ строго му забраниле на тамошниот претседател на студентскиот парламент да ја организира предвидената студентска посета.

Студентите на Богословскиот факултет во Скопје биле затечени од ваквите неразуми и нехристијански чекори на Српската православна црква, особено што станува збор за соработка на ниво на образовни институции. Православниот богословски факултет во Белград е дел од белградскиот Универзитет, исто и Факултетот во Скопје е дел од Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -