fbpx
21.8 C
Skopje

Сред бел ден – нападнат Скопјанец додека бил со својата жена и деца

АКТУЕЛНО

Вчеравечер во полиција Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат сред бел ден, додека се возел во Дебар Маало со своето семејство.

Тој се движел на улицата „Антоние Грубишиќ“, кога тројца непознати лица започнале да удираат по автомобилот. Кога излегол од возилото, бил нападнат и физички од страна на сторителите, при што се здобил со телесни повреди.

Веднаш потоа напаѓачите избегале со автомобил со скопски регистарски ознаки. Во возилото покрај нападнатиот маж, била уште неговата сопруга и нивните две деца.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -