fbpx
18.7 C
Skopje

Средба Груевски-Бејли: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи реформските агенди важни за интеграциите

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска, заедно со членот на Извршниот комитет Никола Тодоров оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, соопштија од партијата.

Соговорниците разговарале за актуелната состојба приоритетите и предизвиците на државата.

Била констатирана заложбата Република Македонија што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што и преставувало стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно било посочено дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи реформските агенди важни за интеграциите во Европската Унија за кои ќе се оцени дека би биле од интерес на граѓаните.

Била истакната потребата за дебата во однос на значајните одлуки и законски решенија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -