16 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Средба Мицотакис-Заев следниот четврток во Солун

Премиерите на Грција и на Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев, ќе имаат билатерална средба на маргините на „Thessaloniki Summit 2019”, што следниот четврток и петок на 14 и 15 ноември 2019 ќе се одржи во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата официјално ја соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, а освен со Заев, учеството на Самитот, Мицотакис ќе го искористи за средба и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер, откако првата ја одржаа во септември во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ОН.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.