fbpx
6 C
Skopje

Средба: Заев-Звиздиќ: Граѓаните сакаат стабилност и економски развој, двете држави ќе ја засилат заедничката соработкаантски перспективи

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со Претседавачот на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Претседавачот Звиздиќ, му честиташе на премиерот Заев за фер и деморатските избори во Република Македонија и оцени дека поддршката од граѓаните на концептот на премиерот Заев и на Владата за едно општество за сите, е и силна регионална порака.

„Довербата од граѓаните искажана на изборите за вашата визија за едно општество за сите и за интегративните политики што ги водите, се силна порака и во Република Македонија, но и за Балканот, дека луѓето сакаат мир и стабилност, сакаат економски развој, нови работни места. Таа доверба е плод на вашите доследни заложби и вербата дека е можно да се живее заедно и тоа е голем исчекор и за Македонија и за целиот регион. БиХ исто така гледа иднина во ваквите политики што единствено водат кон евро-атлантски перспективи, рече претседавачот на Советот на министри на БиХ, Звиздиќ.

– Владата на Република Македонија ќе продолжи да го развива концептот едно општество за сите во кое што секој граѓанин е подеднакво важен и во кое што приоритет се потребите на граѓаните. Се покажа дека граѓаните сакаат храбри одлуки што обезбедуваат иднина и поврзаност. Единството зад кое што застанаа граѓаните е голема придобивка за демократските процеси во Македонија и само на тој начин, заеднички со сите граѓани, ќе ја градиме Република Македонија, рече премиерот Заев.

На средбата е договорена засилена економска соработка помеѓу Република Македонија и Република Босна и Херцеговина, по веќе воспоставената соработка во областа на земјоделството и културата, меѓусебното признавање на возачките дозволи, спогодбата што треба да се реализира за патување со лични карти.

Констатирано е дека економската интеграција на земјите од регионот и заедничкиот регионален настап се многу важни, затоа што тоа ќе го претстави регионот како поголем пазар и ќе влијае на поголем интерес за инвестиции од земјите од ЕУ и светот. Во таа насока договорено е да се работи на заеднички проекти меѓу двете држави, како и на регионално ниво.

– Владата на Република Македонија е определена да обезбеди квалитетен живот на граѓаните. За таа цел обезбедуваме државна поддршка за домашните претпријатија, но и за странските компании, доколку користат ресурси од Македонија. Овој пристап, реформските процеси, развивањето на добрососедските односи, очекуваме дека ќе резултира со тоа Македонија да стане 30. земја членка на НАТО, а во скоро време да се отворат и ЕУ перспективите.

Претседавачот Звиздиќ оцени дека членството на Македонија во НАТО би било силна порака за целиот регион, дека неговото место е во ЕУ и во НАТО. Постои согласност дека земјите од регионот треба заеднички да се развиваат и да чекорат напред во ЕУ интеграциите, бидејки веќе покажуваат капацитет за реализација на очекувањата за зрела регионална соработка. Заеднички е ставот дека секоја средба, како што тоа го овозможува и денешниот „Самит 100“ во Скопје придонесува кон поголемо поврзување меѓу државите.

На денешната средба премиерот Заев и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Звиздиќ, разговараа за заеднички настапи и проекти и во областа на поврзувањето, посебно внимание се посветува на отворањето авиолинија што ќе ги поврзе двете држави, но и изградба на безбедна патна инфраструктура, укинување на царинските бариери, визите, потоа на заеднички земјоделски проекти, од областа на туризмот, културата, образованието.

Македонија и БиХ се пријателски држави, без отворени прашања, со иста визија и иста цел, регионален развој и евро-атлантска иднина и овие две мултиетнички држави може да бидат добар пример и за Балканот и за ЕУ како со искрени политики и политичка волја се оди напред, оценија премиерот Заев и претседавачот Звиздиќ, на денешната билатерална средба.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...

Вo браk бea 70 години и во само три минути заедно починaa од kоронавирус За три дена требаше да ја примат ваkцината

Сопружниците Дик и Ширли Мик почиnаа од kоронавирус три дена пред да ја примат ваkцината против вирусот, а тие се во брак 70 години. Според...

Познатиот русkи астролог Тамара Глоба тврди: За овие три знаци 2021-ва година ќе биде година на невидена среќа

Тамара Глоба е познат руски астролог, а на нејзините предвидувања им се верува, бидејќи речиси никогаш не греши. Таа тврди дека оваа година овие три...
- Advertisement -