17 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Српски доктор повторно ја крена Србија на нозе: Сега е идеален момент да излезете и да се заразите со коронавирусот

Доктор Бранимир Несторовиќ се прослави со изјавата дека корона вирусот е „најсмешниот вирус“ во историјата, а сега повторно го привлече виманието со најновата изјава дадена во утринската програма на ТВ Прва.

Српскиот пулмолог им порача на граѓаните дека сега е идеален момент да излезат од своите домови и да се заразат со корона вирусот, затоа што на тој начин ќе стекнат имунитет и ќе спречат враќање на Ковид-19.

„Шансите да дојде до потешки клинички слики се практично „невозможни“, изјави Несторовиќ и ги советуваше постарите од 65 години подобро да се чуваат до почетокот на јуни или до средината на истиот месец. Ова повеќе не е истиот вирус од пред два месеци. Веќе две седмици немаме потешко заболени пациенти. Со минувањето низ луѓето вирусот ослабна. Ние на секој заболен имаме по 50 други кои биле инфицирани, но немале симптоми. Не верувам дека ќе дојде до втор бран. Јас бев заговорник да бидат отворени училиштата, ја заговарав идејата децата да излезат и да се инфицираат“, порача Несторовиќ.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.