21.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

Српски Курир: Фашист со усташки обележја им командуваше на демонстрантите во македонското Собрание (ВИДЕО)

Припадник на фашистичкото усташко движење ХОС, беше еден од лидерите на демонстрантите кои што вчера ги нападнаа пратениците во македонското Собрание, пренесува српски Курир.

Хулиганот кој што носеше маица на ХОС (Хрватски одбранбени сили) со натпис „За дом спремни“ влета во парламентот со маскираните демонстранти.

ХОС на почетокот на војната во Хрватска го основале познатите екстремни националисти Доброслав Парага и Анте Параџик. Голем број на членови на ХОС во текот на војната во 90-тите години носеле црни униформи со усташкиот знак од Втората светска војна, поради што противниците ги нарекувале усташи.

ХОС беше исто така кратенка за хрватските вооружени сили во НДХ, кои беа создадени во 1944 година со спојување на домобраните и усташите.

Според некои извори, наведува Курир, поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски е поврзан со овие кругови и финансирал неоусташки движења, како што е ХОС.

 

ИЗВОР: Kurir.rs

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -