fbpx
28.8 C
Skopje

СРПСКИ МЕДИУМИ со пропаганданистички наслови: Македонците стануваат Бугари!

АКТУЕЛНО

Српскиот медиум Информер.рс во вест насловена како “Македонците стануваат Бугари: Заев прифати наредба од Софија, нема да постои ниту македонски јазик, ниту македонска нација!“, го цитираат пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, дека за бугарскиот премиер договорот за добрососедство меѓу Република Бугарија и Република Македонија ќе биде победа бидејќи ќе биде потпишан договор во кој нема да го има терминот македонски народ. За македонскиот премиер и за Македонија ќе биде пораз ако биде потпишан текст во кој Македонците не се признаваат како конститутивен народ во Република Македонија.

Српскиот портал Информер нагласува дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски нагласил дека е потребна јавна дискусија за договорот меѓу двете земји, со цел јавноста да биде известена што ќе биде потпишано и колку Бугарија и Македонија ќе имаат корист од самиот тој договор.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -