fbpx
23.8 C
Skopje

Станарите евакуирани со помош на гас маски: Непознат гас се шири во зградата во Аеродром (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Станарите од шесткатница во скопски Аеродром на булеварот Јане Сандански се евакуирани , поради неподнослива миризба . Тие ги повикале итните служби зашто не можеле да ја издржат миризбата , што се ширела од објектот.

Во зградата се екипи на полициајата и противпожарната служба. Граѓаните се жалат и дека службите не можеле порано да ја почнат интервенцијата, зашто целиот објект е заграден со бетонски столбови и итните служби немале пристап.

Во моментот трае увидот низ зградата , а станарите чекаат надвор .

Засега сеуште не е утврдено за каков вид на гас станува збор. Станарите биле евакуирани со гас маски, додека полицијата се уште е внатре обидувајќи се да утврдат за што точно се работи.

ФОТО: Канал5

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -