fbpx
29.8 C
Skopje

Стефан претепан на Сутоморе – лекарите се борат за неговиот живот

АКТУЕЛНО

Деветнаесетгодишниот Стефан Новоселац од Рума е во критична состојбапосле нападот кој се случил на шеталиште во Сутоморе.

Стефан заедно со својот другар во среда вечерта бил нападнат од две непознати лица на шеталиштето. Еден со бокс прво го удрил Стефан, а потоа и нигевиот другар. Од силниот удар Стефан паднал на под и удрил во плочникот. Меѓутоа и покрај болката која ја чувствувал отишол до апартманот и легнал да спие, а на патот до собата повратил неколку пати.

Во четвртокот утрината неговиот другар се обидувал да го разбуди, а кога не успеал, повикал Итна помош и Стефан веднаш бил транспортиран во болница во Бар.

Префрлен е на интензивна нега во Клиничкиот центар во Подгорица каде се наоѓа во критична состојба. Неговиот другар се здобил со тешки повреди на вилицата и сместен е во болница во Бар.

Од Клиничкиот центар во Подгорица за српските медиуми известуваат дека Новоселац и понатаму е во лоша и неизвесна состојба.

-Семејството на Стефан дојде во болница и упатени се за неговата состојба. Што се однесува до неговата состојбба, момчето е многу лошо. Пациентот е во кома, без никакви промени, од моментот на примање на одделечнието ништо значително не е променето. За жал и понатаму е во тешка состојба – велат од Клиничкиот центар.

Во меѓувреме, полицијата во Бар го уапси 19-годишниот П.В. поради сомнение дека нанел тешка телесна повреда на двете момчиња.

Стефан во своето родно место го опишуваат како мирно, културно и пристојно момче, кое никогаш не правело проблеми и не учествувало во инциденти и тепачки.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -