fbpx
13.8 C
Skopje

Стефан уште е во кома откако беше претепан во Црна Гора – неговиот брат откри детали

АКТУЕЛНО

„Мојот брат веќе 16 дена е во кома. Сите со нетрпение чекаме да се разбуди и да го прегрнеме. Велат дека ќе се разбуди секој ден, меѓутоа, ништо“, вели Драган Керкез, брат на 19-годишниот Стефан од Рума, кој кон крајот на август беше брутално претепан на шеталиште во Сутморе, Несреќното момче од нигде никаде доби удари во главата од 19-годишниот В.П. од Бар.

Насилникот после изживувањето избегал, а ден подоцна е уапсен. Стефан е во тешка состојба и веќе две недели не се буди од кома.

-Самостојно диши, а лекарите проценуваат дека ќе закрепне – вели Керкез.

Како што вели тој, постои снимка од надзорната камера на локалот пред кој се случил немилиот настан.

-Јас ја видов снимката. На неа се гледа како Стефан и неговиот другар стојат на шеталиштето. После едно време од клубот излегува покрупно момче, гол до појас, кој прво го удира другарот на брат ми. Му ја крши вилицата, па тргнува кон Стефан – раскажал Керкез за „Србија денес“.

Објаснува и дека Стефан тогаш почнал да бега, но дека напаѓачот го стигнал.

-Го фати за маица и го сврте. Тогаш првпат го удри. Стефан падна во несвест и удри со главата во бетон, а момчето продолжи да го тепа. Го удираше по глава и по тело, Така настанале сите потешки повреди – вели Керкез.

Кога В.П излегол од клубот, со него биле и уште две момчиња. Тие го одвојувале кога почнал за да изживува врз Стефан.

-Другарот на брат ми успеа да стане и да дојде до Стефан. На помош пристигнаа и луѓето во близина кои со автомобил го однесоа до апартманот – вели Керкез.

Стефан во моментов се бори за живот во болница во Погорица.

-Отоците му спласнуваат, во стабилна состојба е. Делува како да спие. Почна да ги мрда прстите на левата нога, а таа нога досега не реагираше – нагласува Керкез.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -