6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Стејт департмент: САД силно ги осудуваат насилства врз пратениците!

Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмнет Марк Тонер, преку соопштение нагласува дека САД силно ги осудуваат насилствата врз пратениците во македонскиот парламент по изборот на Талат Џафери за нов спикер на Собранието.

„Ќе работиме со новиот претседател на Парламентот за поддршка на демократијата и да и помогнеме на Македонија да продолжи на европскиот пат“, вели Тонер.

Во изјавата се додава дека за насилството нема место во демократските процеси.

„Ги изразуваме нашите најдлабоки симпатии кон тие пратениците кои што беа повредени во нападите. САД ги повикува македонските власти да ја гарантираат безбедноста на сите пратеници во Собранието, да се истражат овие напади и одговорните да се изнесат пред лицето на правдата“, стои во изјавата.

САД ги повикуваат сите партии да останат смирени, да ги решат сите проблеми мирно и да се почитуваат законите и демократските процеси.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -